|
Tуристичката агенција БТ Македонија, како представник на светски познатата и докажана групација HRG, специјализирана за деловни патувања и настани, секогаш навремено и професионално ги извршува своите обврски, а услугите кои ги нуди и обезбедува биле на највисоко ниво благодарение на професионалноста и спремноста на вработениот персонал.
Во досегашната наша соработка агенцијата БТ Македонија секогаш била на ниво на задачата, без разлика дали во прашање било патување, конгрес, конференција или друг настан. Навистина можамe да ги препорачамe услугите на оваа агенција со сигурност дека ќе бидат обезбедени во најоптимален можен рок и со сигурност.
Граѓанска Асоцијација „МОСТ“
Со задоволство препорачуваме соработка со БТ Македонија (HRG Macedonia). Во текот на последниве 2 години, честопати имавме прилика да се увериме во нивната професионалност и ги сметаме за фирма во која може да се има потполна доверба. Покрај авиобилети за нас и нашите соработници и грантисти, многу често користиме и други нивни услуги врзани со нашето редовно организирање на семинари и конференции. БТ Македонија се една од ретките фирми во Македонија која е секогаш во состојба да ги исполни своите ветувања. Тие се една од, за жал, ретките патни агенции со кои што ние имаме соработувано, која интересот на корисникот на услугата секогаш го смета за поважен отколку сопствениот.
ФИООМ – Скопје
…Соработката помеѓу HRG Macedonia и Т-Мобиле Македонија АД Скопје датира од крајот на 2004 година. Во овој период Т-Мобиле Македонија АД Скопје повеќепати ги има користено услугите на HRG Macedonia и тоа пред се услугите на хотелски резервации за потребите на службените патувања на вработените на Т-Мобиле во странство. Во текот на целиот еприод на меѓусебна соработка, односот, услужливоста и кооперативноста на HRG Macedonia беше на коректно и професионално ниво, излегувајќи во пресрет на нашите барања.
Т-Мобиле Македонија АД Скопје
…Во секојдневната соработка персоналот на HRG Macedonia ги извршува своите задачи со најголема професионалност и согалсно стандардите претходно утврдени и пропишани од страна на брендот HRG. Со особено задоволство го препорачуваме HRG Macedonia за доверлив, стабилен и сериозен партнер кој е секогаш на услуга на клиентите овозможувајќи им беспрекорна услуга.
GlaxoSmithKline Macedonia
…Задоволни сме од соработката, поради навремените испораки, квалитетот на услугата како и креативноста, транспарентноста и љубезноста на дедицираниот тим кој соработува со нашата компанија. Затоа ги цениме како одличен бизнис партнер, секогаш спремни да одговорат на барањата на клиентот.
Македонски Телекомуникации А.Д Скопје
…Посебно сме задоволни од начинот на извршување на работите кои се одвиваат во најкус можен рок и љубезноста на вработените и нивната спремност да помогнат и да понудат најдобри варијанти по повластени цени за услугите кои се бараат.
Агенција за Електронски Комуникации
...Како постојан корисник на услугите на БТ Македонија и воедно нејзин партнер на глобално ниво, ние сме задоволни од меѓусебната соработка, од професионалноста и спремноста на вработениот персонал, коректниот однос, достапноста и извонредните можности кои ги нуди.
Агенцијата БТ Македонија секогаш има професионален пристап, на ниво на задачата, независно дали станува збор за патување, конференција, хотелски аранжмани или друг настан. Со задоволство ги препорачуваме услугите на HRG Macedonia како компанија во чијашто соработка и професионалност можете да имате доверба.
PricewaterhouseCoopers Macedonia
Во рамките на остварување на сопствените цели и задачи МОФ секојдневно има потреба од патувања, семинари, настани и други активности кои бараат организација и сервисирање на потребите на нашите корисници. Во изминатите години МОФ имаше голем обем на активности кои ги организираше или на кои учествуваше, во Македонија но и во странство. Во наведениот период нашата организација при користењето на транспортни услуги и услуги околу организирање на дел од настаните (превоз и логистика) постојано соработуваше и добиваше услуги од БТ Македонија (HRG – Hogg Robinson Group). Оваа компанија значително ја олесни работата на МОФ при организирањето на нашите патувања поради високата професионалност во извршувањето на нашите барања, брзината во работата, љубезноста на вработените и поволните услови за плаќање на услугите. Уште повеќе, во текот на соработката со БТ Македонија, она што нé импресионираше беше целосноста во давањето на услугата (целосно организирање на патувањата: транспорт, хотелски резервации, патничко осигурување и издавање на визи). Притоа оваа фирма изнаоѓаше соодветни решенија за сите проблеми со кои се соочувавме при нашите патувања и нудеше аранжмани за сите можни дестинации. Високо професионалниот однос, наврементоо завршување на сите обврски кон нас, широкиот спектар на услуги и разбирањето за сите потреби при организирање на нашите настани се најдобриот опис на работата на одличниот персонал во БТ Македонија. МОФ и понатаму на долг рок смета на услугите на БТ Македонија во рамките на настаните и патувањата кои ќе ги организира или на кои ќе учествува. Заради сите овие причини искрено ја препорачуваме соработката со оваа компанија бидејќи во текот на нашата долгогодишна соработка немавме ниту една забелешка на нивното работење, а многу позитивни коментари кои веќе ги наведовме.
Здружение на Граѓани „Младински Образовен Форум“
|